петок, 18 октомври 2024

Вилма Русковска нема намера да му се извини на Драги Рашковски

Објавено на

часот

Сподели

Русковска вели дека ништо во интервјуто, дадено за националната телевизија, не го навредила Рашковски.

По вчерашното интервју на Русковска за ТВ Телма, денеска Рашковски, кој е обвинет во случајот „Софтвери“, преку соопштение побара обвинителката да му се извини, бидејќи јавно посочи дека имала непристојни понуди за да биде назначена на функција додека предметот против него бил во истрага.

Рашковски рече дека ако не добие извинување, ќе поднесе тужба за клевета.

Тој е обвинет во случајот „Софтвери“, кој беше истражуван од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во време кога шефица беше Русковска. Случајот е во фаза на дополнение на доказна постапка, по што следуваат завршни зборови и пресуда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ