петок, 18 октомври 2024

Вилијам Хил нов спонзор на Англија и на ФА-Купот

Објавено на

часот

Сподели

Првиот спонзорски договор со некоја обложувалница го склучи англиската ФА и тоа за спонзорство на националниот тим, но и на најстарото фудбалско натпреварување ФА-Купот. Вилијам Хил му се придружи на Вауксхал како спонзор на „Гордиот Албион“ и на Бадвајзер како спонзор на престижниот куп, а букмејкерот ќе соработува со националната федерација во следните две ипол години, што значи и на СП во Бразил во 2014 година.

„Баравме можности за спонзорство и ова е еден вид награда за играчите, бидејќи настаните со фудбалот носат најголемо уживање. Овој договор ќе ни помогне да ги достигнеме целите за развој на брендот и зголемување на нашиот бизнис. Засега сме презадоволни од статусот официјален обложувачки партнер што го имаме со шкотскиот ФА-Куп“, рече извршниот директор на Вилијам хил, Ралф Топинг.

Англија е колепка на фудбалот, а Англиската ФА е основач на сите битни фудбалски инстанци, што е потврда на се поголемото влијание на обложувалниците врз најважбната споредна работа на светот. Досега договори со обложувалници (BWin) имаа клубовите (Реал Мадрид, Милан…) или националните лиги (Пoртугалија), кои во модерниот фудбал се одвоени и од националните сојузи.

По овој договор, сега веќе прашање на време е кога најсилните две организации ФИФА и УЕФА ќе обзнанат соработка со некоја светски позната обложувалница на ниво на партнерство за одреден настан или пак комплетно спонзорство за сите турнири во организација на фудбалските централи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ