сабота, 23 ноември 2024

Вицепремиерот на Велика Британија поднесе оставка

Објавено на

часот

Сподели

Рааб поднесе оставка по независната истрага за неговото однесување и наводите за малтретирање, според Гардијан.

Во писмото до премиерот Риши Сунак објавено на Твитер, Рааб оценува дека истрагата направила опасен преседан, но дека ќе продолжи да ја поддржува владата.

Британскиот премиер Риши Сунак изјави денеска дека со „големо жалење“ ја прифатил оставката на неговиот заменик, откако Рааб ја напушти владата по завршувањето на истрагата за наводите дека малтретирал колеги.

„Со големо жалење ја прифатив вашата оставка. Но, јасно е дека имаше недостатоци во историскиот процес што негативно влијаеше на сите инволвирани. Од ова треба да научиме како подобро да се справуваме со ваквите прашања во иднина“, рече Сунак, според Твитер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ