Сертифицираните бизниси, како што соопшти „Вевчани грин“ (Vevcani Green), се промовирани преку платформата „Гуд травел сил“ и на социјалните медиуми, стигнувајќи до одговорни туристи од целиот свет кои бараат „зелен одмор“.
„Дополнително, тие се дел од т.н. зелени продукти, кои се понудени на платформата „Аутдорактив“ (Outdooractive), што дополнително ја зголемува нивната видливост и социо-економскиот бенефит на локално ниво“, се наведува во информацијата.
И Општина Вевчани пред само една недела по втор пат се пласира во групата на 100 најуспешни дестинации во светот во конкуренција од над 200 апликанти, кои развиваат и практикуваат одржлив туризам на повисоко ниво. Тоа значи дека општината покажала оти се грижи за природата, има соработка со локалната заедница, бизнисот, невладиниот сектор, ја зачувува културата и традицијата, се грижи за здравјето и безбедноста на населението, управува со отпадот, го промовира туризмот и воведува одржливи пракитики.