сабота, 19 октомври 2024

Весела од Македонија и на 80 години работи на железничката станица во Сиднеј

Весела Грујоска, 80-годишна Македонка од Сиднеј веќе половина век ја одржува централната железничка станица во австралиската метропола. Таа 50 години работи како хигиеничарка на железничката станица во Сиднеј и вели дека и покрај возраста, не планира да се откаже од работата.

Објавено на

часот

Сподели

Веса е добро познат лик на најфреквентното место во Сиднеј, а токму поради својата вредност и виталност нејзината приказна се најде и во австралиските медиуми.

„Железничката станица не е тоа без Весела! Веса 50 години ја одржува станицата чиста и блескава и не планира да забави“, се наведува во пофалбата од железничката станица во Сиднеј.

Весела Грујоска од Македонија се доселила во Австралија во 1970 година и првично работела во фабрика, но три години подоцна добила работа во железницата и таму останала цели 50 години.

ф

Позната е како вредна жена и работничка која никогаш не била на боледување, а и многу празниците низ годините ги поминала на своето работно место. Како самохрана мајка израснала две деца, а денес е горда баба на три внуци.

Во изјавата за „СБЦ на македонски“, Весела вели дека работата ја „одржала млада и здрава“ и дека и денес на 80-годишна возраст таа не може да замисли да не работи.

Приказната за вредната Македонка која и во деведесетата деценија од животот работи тешка физичка работа, предизвика различни реакции во јавноста. Од пофалби за вредната и посветена работа и желби да добие награда за својот придонес, до критики дека „работата не е сѐ во животот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ