сабота, 19 октомври 2024

Вендинг машини за селектирање отпад во Охрид и Струга 

Во рамки на платформата „Наша Гордост. Наша одговорност.”, Пивара Скопје – Скопско ја најави најновата инвестиција во повратни вендинг машини за селектирање отпад.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа иницијатива ги обединува напорите за општествено одговорно делување и заштита на животната средина и во целост ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржлив развој во рамки на платформата „Свет без отпад до 2030 година“, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година.

„Како компанија која постојано го следи фидбекот на своите потрошувачи, оваа инвестиција е директно инспирирана од барањата на жителите на Охрид и Струга. За првпат, овие два града ќе добијат вендинг машини од ваков тип, кои ќе придонесат за зголемување на еколошката свест и одговорност меѓу граѓаните“, велат од Пивара Скопје.
Вендинг машините за селектирање отпад се во маркетите Тамаро и во ТЦ Кам вилиџ Кам маркет во Охрид и и во Караманди-Цветан Димов во Струга.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ