четврток, 24 октомври 2024

Велика Британија: Немири во Лидс, повеќе возила запалени (ВИДЕО)

Запалени се повеќе возила, а полициски автомобил е превртен за време на немирите што избија во англискиот град Лидс, јавија денеска британските медиуми.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На жителите на предградието Херхилс им било кажано да не ги напуштаат своите домови, пишува Гардијан.

Министерката за внатрешни работи Ивет Купер ги осуди „шокантните сцени и напади“, додавајќи дека таквите немири немаат место во британското општество.

Немирите избија синоќа, а на социјалните мрежи беа споделени снимки на кои се гледа како луѓето фрлаат предмети кон полицијата пред да го превртат нивниот автомобил во Херхилс.

Локалните жители велат дека немирите избувнале откако полицијата била повикана на адреса во тој дел од градот по пријава на инцидент во кој биле вклучени деца и работници од социјалната служба.

Откако почнал да пристигнува поголем број граѓани, членовите на социјалните служби и децата биле пренесени на безбедно.

Потоа, локалните жители почнале да фрлаат предмети кон полицијата, запалиле автобус и неколку возила.

Полицијата во Јоркшир вети целосна истрага за сите прекршоци, вклучувајќи го и палењето на возилата. Во соопштението се наведува и дека сите одговорни за насилството ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ