петок, 18 октомври 2024

Велешките невладини се здружија за да го заштитат езерото Младост

Шест велешки здруженија на иницијатива на Здружението на спортски риболовци Бабуна со поддршка од Општина Велес и Биогасната електрана  на Брако/Фероинвест, изминативе два викенди од крајбрежјето на велешко акумулационо езеро Младост собраа и односоа во биогасната електрана  со четири цистерни над 110 тони материи од бреговите на езерото фекалии, изумрени алги и други штетни материи кои се таложат на бреговите и го загрозуваат опстанокот на езерото и здравјето на капачите. Експертите од Хидробилошки завод Охрид оценуваат дека езерото Младост изумира.

Објавено на

часот

Сподели

Во акцијата за негово чистење кое двата викенда беше иницирана од ЗСР Бабуна од Валес, а  логистички поддржана од ЕД Вила Зора се вклучија и членови од  ЗГ Акцијаши, кајакарскиот клуб Бабуна, здружението за пливање  Клуб 28 и Општинскиот Црвен крст.

Претседателот на ЗСР Бабуна, Велес, Даниел Наумоски за МИА информира дека по двете еколошки акции изведени четири дена во минатиот и овој викенд од езерото со четири цистерни собраните се над 110 тони опасни материи и однесени во  биогасната електрана во Сарамзалино со што оваа електрана сега е целосно исполнета со репроматеријали.

Од велешките здруженија апелираат и до останатите биогасни централи во земјава под итно да се вклучат во понатамошните акции собирање на отпадната штетна материја меѓу кои и фекалии, а кои тие ги користат како репроматеријали за својата работа. Воедно велешките здруженија за спас на велешкото езеро Младост под итно бараат помош и поддршка од државата.

Инаку во  извештајот на Хидробилошки завод Охрид направен по анализата на водата во велешкото езеро, кој е  објавен во петокот на страната на ЈП за водостопанство Хидросистем Лисиче од Велес кое од нив ја побара анализата на водата, се потенцира дека класификацијата на водата во езерото е направена според Европските директиви и најновата класификација дадена од експерти за микробиологија од Европската Унија. Примената кај добиените резултати од овие истражувања покажува дека водата од сите локалитети на велешкото езеро Младост е со фекално и органско загадување.

Стручњаците од Хидробилошки завод Охрид за надминување на лошите состојби и спас на езерото, а кое според нивната оценка изумира, препорачуваат да се изврши механичко отстранување  на наслагите од алги, како и таканаречените душеци мртва растителна маса која плови на површината на водата, а со што се оневозможува збогатување на екосистемот со органски материи и нутриенти при разградбата на органската метерија.

Воедно препорачуваат дека е неопходно итно механичко чистење, отсранување на конгломератите кои се наталожиле на дното на акумулацијата со багерирање. Посебно препорачуваат под итно снабдување на акумулацијата на езерото со свежа вода. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ