петок, 18 октомври 2024

Велешанец заврши во притвор, обвинет е за намерно предизвикување на пожар

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице од велешкото село Горно Оризари за кривично дело предизвикување општа опасност. Според обвинителството 25 годишниот велешанец на 21 јули со умисла предизвикал пожар.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според обвинението, обвинетиот 25-годишник, на 21 јули, на дива депонија во селото Горно Оризари, со умисла предизвикал пожар, палејќи стари седишта од автомобил. Бидејќи местото било обраснато со сува трева, а на депонијата имало и бали суво сено и други предмети, огнот брзо се проширил. Со тоа обвинетиот предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот во околните села.

„Опасноста да биде предизвикана штета од големи размери со ваквите дејствија на обвинетиот е особено изразена со оглед на алармантната состојба со пожарите во околината на Велес и на територијата на целата држава. Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и ја определи бараната притворска мерка“, информираа од Јавното обвинителство.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес конференција информираше кажа дека е факт дека поголем дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор и затоа Министерството за внатрешни работи (МВР) отворило оперативна акција „Пожар 2024“ во која се вклучени сите Сектори за внатешни работи (СВР) во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ