„Оваа одлука е направена со цел да се осигура дека сите строги стандарди и барања на Европската Унија ќе бидат целосно исполнети, додека Афрона ја заврши својота обврска со добивање на сертификатот.
Дополнително, сметаме дека е од клучна важност да се посвети внимание на истражување и откривање на злоупотребите на средствата од ЕУ кои се случувале во минатото. Овие злоупотреби предизвикале Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) да побара враќање на неколку милиони евра од страна на државата.
Остануваме посветени на принципите на транспарентност, одговорност и отчетност во управувањето со јавните и европските фондови. Ќе продолжиме да дејствуваме во најдобар интерес на граѓаните, со цел да обезбедиме правилно искористување на ресурсите и да се спречат понатамошни злоупотреби“, соопшти Вреди.
На назначувањето на Вервизоли реагираше и ДКСК и од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, а денеска од Владата информираа дека нејзиниот избор утре ќе биде повлечен.