вторник, 22 октомври 2024

Вчера невреме и штети во Тетовско, Скопско и Кумановско, изгаснати 9 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало 9  пожари на отворено и сите се изгаснати (во општините Бутел, кај село Љубетен Сарај, покрај автопатот Скопје – Тетово, Радовиш, кај село Конче, Струмица кај село Доброшинци, Кавадарци кај месноста Танкото Патче, Свети Николе до градот, Пробиштип, кај селата Ратавица и Дреново. Вчера невремето прво го погоди Тетовско, па потоа Скопско и Кумановско.

Објавено на

часот

Сподели

На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК биле добиени  повеќе пријави од Тетовско, Скопско и Кумановско за поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, столбови, оштетени куќи, откачени лимови, олуци, оштетени покриви, оштетени автомобили…

Регионалниот ЦУК Тетово известува дека по обилните врнежи од засилен дожд блокиран е локалниот пат за селото Вејце на Шар  Планина, како и патот кај тетовската касарна што е преполн со вода и каде што имало едно заглавено возило, имало запушени канализации во горниот дел од градот и во Голема Речица.

Според УХМР и денеска и утре времето ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со пороен дожд и грмежи. Утре на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ