петок, 19 јули 2024

Василевска до Маричиќ: И од пратениците ќе го добиеш истиот одговор, уставни измени под бугарски диктат нема

Објавено на

часот

Сподели

Маричиќ вчера рече дека ако не продолжи дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ, тие од СДСМ ќе тргнат да разговараат со секој еден пратеник од опозицијата.

Не верувам дека кај мене ќе се јави вицепремиерот. Но, и да се јави кај било кој од колегите, мислам дека ќе го добие истиот договор. И претседателот Христијан Мицкоски кажа многу јасно. Ако е Димитар Ковачевски толку сигурен нека го стави тоа на дневен ред во Собрание, нека се покаже, ќе се преброиме и ќе видиме колку сме и што сме, рече пратеничката Василевска.

Таа потенцираше дека веќе една година во Собранието неколку пратеници од владејачкото мнозинство се изјасниле дека нема да подржат уставни измени и дека тоа е против нивните принципи и убедувања.

Тенка им е  работата. Ќе ви кажам нешто друго што провејува во Собранието изминатите неколку месеци можеби и година. Неколку пратеници од владејачкото мнозинство децидно се изјаснија дека нема да го поддржат тоа, дека тоа е против нивните принципи и убедувања. Значи тие во нивното јато, во нивниот двор немаат единствен став, а не па сега ќе доаѓаат кај нас, кажа таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ