петок, 18 октомври 2024

Вашингтон ја изненади Оклахома, Бостон конечно победи

Објавено на

часот

Сподели

Џон Вол со 25 поени и осум асистенции и Нил Јанг со 24 поени беа творци на триумфот на „волшебниците“ за кои тоа беше само втора победа во новата НБА-сезона во која веќе имаат дури 12 порази. За Оклахома овој неуспех значеше крај на серијата од седум победи по ред. Вестбрук со 36 поени и Дурент со 33 поени беа најдобри кај гостите.

Причина за радост синоќа имаа и кошаркарите на Бостон селтикс, кои со убедливата победа во дуелот со Торонто репторс конечно ставија крај на серијата од пет порази во низа. Ражон Рондо беше најефикасен кај „келтите“ со 21 поен, учинок остварен до финишот од третиот период кога по еден незгоден пад го повреди зглобот на раката, поради што замина во соблекувалната и не се врати на теренот. За гостите од Канада, пак, тоа беше шести пораз по ред.

Клучната тројка на Билапс за триумф на Клипер против Далас

Кошаркарите на Феникс санс со триумфот на теренот на Њујорк никс (91-88) исто така ставија крај на неуспешната серија од пет меча. До првата победа сезонава, барем на средбите одиграни на гостински терен, дојде екипата на Сан Антонио спарс, која по едно продолжение беше подобра од Орландо меџик.

Дербито на вечерта, но и убедливо највозбудливиот меч се одигра во Лос Анџелес каде кошаркарите на Клиперс со 91-89 го совладаа актуелниот НБА-шампион, Далас маверикс (91-89). Творец на успехот беше ветеранот Чонси Билапс, кој на една секунди пред крајот ја погоди победничката тројка. Претходно, на пет секунди до крајот, Џејсон Тери со тројка на Далас му донесе водство од 89-88 што, сепак, не беше доволно за победа.

Победата на тимот од „Ел-Еј“ е поголема ако се знае дека е остварена без првата ѕвезда на тимот, Крис Пол, кој е повреден.

РЕЗУЛТАТИ: Минесота-Детроит 93-85, Њу Орлеанс-Мемфис 87-93, Атланта-Портланд 92-89, Њујорк-Феникс 88-91, Њу Џерси-Г. Стејт 107-100, Бостон-Торонто 96-73, Вашингтон-Оклахома 105-102, Филаделфија-Денвер 104-108 (пр.), Орландо-С. Антонио 83-85 (пр.), Сакраменто-Индијана 92-88, ЛА клиперс-Далас 91-89.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ