Црвено-црните под водство на новиот тренер, Милано на гостувањето во Исланд отпатуваа значително ослабени, но одиграа рамноправен меч со домаќинот и на крајот дојдоа до заслужено реми.
Вардар до нерешените 34-34 дојде со гол на Срдановиќ од пенал по истекот на регуларното време.
Во останатиот дел од мечот Валур најчесто беше во водство, но Вардар постојано беше присутен и ја бркаше негативата. Во второто полувреме во два наврати Вардарци поведоа, но не успеаа да го сочуваат водството.
Георгиевски, Срдановиќ и Маргели со по пет гола беа најефикасни во тимот на Вардар, Васил Гогов имаше седум интервенции.