Скопје загуби на гостувањето кај Тиквеш со убедливи 4-0, а Академија Пандев одигра 1-1 на гостувањето кај Брегалница. Самиот пораз на скопскиот тим значеше дека тие ги губат сите шанси да се качат на позиција погоре.
Академија Пандев и официјално избори опстанок во лигата, а Скопје тоа ќе треба да го направи во баражот против Вардар кој ќе се обиде да се врати во Првата лига.
Шампионот Струга ТЛ со пресврт ја победи Шкендија во Тетово со 2-1, а Шкупи беше убедлив против Македонија ЃП со 3-0.
Силекс со 2-0 славеше против Работнички. Слободна беше екипата на Победа.
ПРВА ЛИГА, 32. КОЛО
Брегалница – Академија Пандев 1-1 (0-0)
Додев 50 – Трајков 67
Шкендија – Струга ТЛ 1-2 (0-0)
Шаља 58 – Шабани 79, 84
Шкупи – Македонија ЃП 3-0 (2-0)
Адетунџи 38, 70, Адем 44
Силекс – Работнички 2-0 (2-0)
Ѓорѓиевски 19, Манасиевски 32
Тиквеш – Скопје 4-0 (0-0)
Ивановски 65, Спахиу 70, 73, Мирковиќ 75
Слободна е Победа
ТАБЕЛА: Струга ТЛ 65 (првак), Шкупи 58, Шкендија 54, Силекс 47, Македонија ЃП 39, Брегалница 38, Работнички 37, Тиквеш 37, А. Пандев 27, Скопје 22, Победа 13 (Втора лига).
ИДНО ПОСЛЕДНО КОЛО (14 МАЈ): А. Пандев – Силекс, Скопје – Брегалница, Победа – Тиквеш, Работнички – Шкендија, Струга ТЛ – Шкупи. Слободна е Македонија ЃП.