петок, 18 октомври 2024

Вардар го договори Срдановиќ на уште две години

Вардар одлично ја почна новата ракометна сезона, според игрите и резултатите се голем конкурент за враќање на шампионскиот трофеј, а паралелно размислуваат и на иднината.
 

Објавено на

часот

Сподели

Клубот информира дека постигнале договор со српското лево крило, Марко Срдановиќ на уште две години. Тој останува во клубот најмалку до 2026 година.

„Доаѓањето во Вардар ми беше најдобриот потег во кариерата. Одлично се снајдов во Скопје, клубот и играчите ме прифатија како семејство и таа хемија носи резултат. Вардар создава тим што во иднина ќе биде не само квалитетен, туку и доминантен. Затоа сметам дека останувањето во Скопје е уште еден вистински потег. Имам одлични соиграчи, управа и пред се навивачи. Тоа секогаш носи резултат“, вели Срдановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ