петок, 1 ноември 2024
Кандидатката на Левица со порака

Ванковска: Идемооо! Уште илјада гласови ми се потребни

Кандидатката на Левица за шеф на државата, Билјана Ванковска, очекува дека утре ќе се заврши работата за собирање на потписи за официјализирање на нејзината кандидатура. Уште илјада потписи се потребни, напиша таа вечерва на својот фејсбук – профил. Кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски собра над 8.000 потписи.

Објавено на

часот

Сподели

„Утре ќе биде убав ден во престапна година! Ако не сакате турканици викендов, појдете утре или задутре. Идемооо!“, порача Ванковска повикувајќи ги граѓаните да ѝ ја дадат потребната поддршка за да ја достигне бројката од неопходните 10.000 потписи за да ја започне трката за претседателската функција.
Потребниот број потписи завчера ги собра кандиатот на ДУИ, Бујар Османи, а според пресекот на потписи за 11-те претенденти за претседателската функција, што ДИК го направи синоќа во 20 часот, над 10.000 гласови собраа и Максим Димитриевски од ЗНАМ-за наша Македонија и Арбен Таравари од коалицијата Вреди.
Извесно е дека и Стевчо Јакимовски од коалицијата ГРОМ ќе успее набрзо да ја обезбеди потребната граѓанска поддршка. Тој вечерва на Фејсбук објави дека собрал над 8.000 гласови и изразува уверување дека потребната бројка може утре да биде достижна.
Неизвесна е кандидатурата на останатите шест лица кои конкурираа во овој дел од процедурите пред ДИК, бидејќи до синоќа имаа добиено под илјада потписи.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ