вторник, 16 јули 2024
Македонецот од следната сезона ќе има нов клуб

Валенсија го раскина договорот со Димитријевиќ

Објавено на

часот

Сподели

Ненад Димитријевиќ ја напушта Валенсија, шпанскиот клуб пренесе дека спогодбено е раскинат договорот кој беше со трајност до 2025 година.

Плејмејкерот се пресели во Валенсија летото во 2021 година, и во сезоната 2021/22 одигра 33 натпревари, при што во просек постигнуваше по 8,4 поени, 1,5 скокови и 3,9 асистенции.

Во сезоната 2022/23 играше како позајмен кошаркар во руски Уникс Казан, клуб со кој ја освои ВТБ лигата, а беше прогласен и за најкорисен играч (МВП) на финалната серија.

За услугите на Ненад Димитријевиќ постои интерес од многу европски гиганти, во последно време се шпекулира дека Македонецот е најблиску до потпис со Партизан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ