Интер и Јувентус приредија фудбалски спектакл каков што немало во Серија А повеќе од 60 години, на „Дербито на Италија“ беа постигнати дури 8 погодоци.
Домаќините поведоа со пеналот на Зелински, но гостите за кратко време направија пресврт преку Влаховиќ и Веа.
Сепак, до крајот на полувремето, Интер се врати во ново водство, Мхитарјан изедначи на 2-2, а Зелински со втор гол од пенал се погрижи на пауза да се замине со резултат 3-2.
Дамфрис по еден час игра зголеми на 4-2, но Јувентус не се предаде и со два гола на младиот Јилдиз се избори за 4-4 и поделба на бодовите.