понеделник, 25 ноември 2024

Вагнер зазеде клучна позиција за војната во Украина. Тие очигледно се упатуваат кон Москва

Објавено на

часот

Сподели

Путин го нарече бунтот предавство, заривање нож во грб и рече дека ќе ја брани Русија.

Британското Министерство за надворешни работи ја соопшти целата ситуација.

„Во раните утрински часови на 24 јуни 2023 година, расправијата меѓу Вагнеровата група на Јевгениј Пригожин и руското Министерство за одбрана прерасна во отворен воен конфликт“.

Во операцијата што Пригожин ја опиша како „марш за слобода“, силите на Вагнер групата преминаа од окупираната Украина во Русија на најмалку две места“, пишуваат Британците.

Во Ростов на Дон, Вагнер речиси сигурно ги зазеде клучните безбедносни локации, вклучувајќи го и штабот што ги насочува руските воени операции во Украина, додаваат тие.

Понатамошни единици на Вагнер се движат кон север низ регионот Воронеж, речиси сигурно со цел да стигнат до Москва, додаваат од британското Министерство.

Додаваат дека има малку информации за можни борби. „Во следните часови, лојалноста на руските безбедносни сили, а особено на руската Национална гарда, ќе биде клучна за развојот на кризата. Ова претставува најголем предизвик за руската држава во последно време“, заклучуваат тие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ