среда, 23 октомври 2024

Утре во Битола ќе има посебен режим на сообраќај

Утре во Битола, од 7:30 до 11:30 часот, од почеток до завршување на спортската манифестација „Трчај, бе“ ќе се применува посебен режим на сообраќај.

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР-Битола информираат дека посебниот режим на сообраќај ќе се одвива на булеварот 1-ви Мај во близина на Саат Кула од страна на Музичкото училиште во Битола до кружниот тек кај Педагошки факултет, потоа улица Генерал Васко Карангелевски до кружниот тек кај маркетот Веро, а режим на сообраќај ќе има и на улиците 11-та Македонска Дивизија до базенот Довлеџик, улица Филип Втори Македонски до кружниот тек кај месноста Дулие,  улица Баталјон Стив Наумов,  улица Прилепска до улица 4-ти Ноември и од крстосницата на улица Солунска до Широк Сокак.

Годинава во Битола на „Трчај, бе“ има 1.800 учесници од 25 држави, меѓу нив и учесници од Филипини, Индија, САД, Ерменија, Португалија, Шпанија, Бразил, Мексико, Австралија, Пакистан, Нигерија…

Организаторот апелира граѓаните да ги ослободат паркинг местата кај плоштад „Магнолија“, Саат Кула и на улицата „Солунска“ кај Широк Сокак, да ги набљудуваат и поздрават учесниците на трката „Трчај, бе“ и националното првенство во полумаратон, што утре ќе се одржи во Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ