петок, 18 октомври 2024
Никогаш да не се повтори

Утре се навршуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, Пендаровски потсети дека Македонија е трусно подрачје

Објавено на

часот

Сподели

„ИЗИС прерасна во респектабилна институција. Вие овде знаете подобро од мене и од нас дека живееме во држава која е означена како трусно подрачје, каде што идни земјотреси не се исклучени. По ниту една цена не смееме да дозволиме да се девалвира тоа што со децении го создавате. Воспоставивме високи стандарди за асеизмичко градење. Клучот за просперитетна и безбедна држава е вложување во научните институции“, рече Пендаровски.

Зборуваше за формирањето на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија  Скопје во 1965 година. Се потсети и на моментите по непогодата.

„Одбележувањето 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје е можност да се присетиме на сите сограѓани што ги изгубија животите. Затрупани останаа 1.070 биографии, радости, дилеми за иднината. Непогодата ги одзеде животите на нашите најмили. Беа повредени над 3.000 граѓани, а стотина имаат траен инвалидитет. Природната стихија го промени лицето на нашиот град засекогаш“, рече Пендаровски.

Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во пресрет на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје што се одбележуваат утре, денеска ќе има завршен од серијата настани по повод годишнината. Од 26 април Институтот организираше повеќе едукативни работилници за деца и млади, отворени денови и научни средби.

„На ден пред датумот кој ќе означи 60 години од скопскиот земјотрес, ќе  оддадеме почит кон жртвите на таа природна катаклизма. Изминаа 60 години, а ние со нашата научна, образовна и апликативна работа секојдневно укажуваме на вистината дека треба да градиме издржливост“, наведува Институтот кој е дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. 

Скопски земјотрес од 1963 година е природна катастрофа што го погодила градот на 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути. Земјотресот е еден од најкатастрофалните природни непогоди. Траел 20 секунди, со помали потреси до 5 часот и 43 минути.

Според службите за идентификација на жртвите на истиот ден, под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани од коишто 478 мажи, 430 жени и 162 деца.

Овие податоци не се земени како дефинитивни поради веројатноста дел од жртвите да биле веќе погребани од своите роднини пред да ги евидентира Службата. Точната евиденција за повредените била вкупно 2.900 луѓе, од кои што 1.110 биле тешко повредени (преку 300 од нив се уште биле згрижени и до месец и половина во болниците и клиниките), а околу 800 луѓе останале инвалиди.

Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ