Британскиот крал ги сподели своите омилени музички хитови во радио емисија наречена „Кралска музичка соба“ (The Royal Music Room), која ја сними во неговата канцеларија во Бакингемската палата, пренесува Би-би-си.
Емисијата го добила името по една од собите во кралската резиденција, каде што принцот Чарлс бил крстен како бебе во 1948 година.
Плејлистата на кралот вклучуваше музички жанрови од реге и афробит до современи поп хитови, меѓу омилените пејачи на кралот се Боб Марли, Кајли Миног, Грејс Џонс и нигериско-американскиот кантавтор Дејвид.
Најавувајќи го еднократното шоу, за кое Епл мјузик (Apple Music) вели дека открива и дека Чарлс е обожавател на „пејачите од 1930-тите“, кралот рече дека во текот на неговиот живот „музиката му значела многу“.
„Таа ја има таа извонредна способност да врати среќни спомени од најдлабоките вдлабнатини на нашето сеќавање, да нè утеши во моментите на тага и да нè однесе на далечни места“, изјави кралот Чарлс.
Тој рече дека музиката „носи радост“.
Шоуто „Кралска музичка соба“ ќе се емитува во понеделник на Епл мјузик 1 во чест на Денот на Комонвелтот.