вторник, 25 март 2025

Жител на Радуша три дена ги тепал вонбрачната жена и двете деца па ги фрлил од возило

Во Полициската станица Чаир вчера во 19 часот било пријавено дека дента околу 14:30 часот на подрачјето на Општина Аеродром, 39-годишна жена заедно со две малолетни деца биле исфрлени од возило управувано од нејзиниот вонбрачен партнер Ф.Ф. од село Радуша.

Објавено на

часот

Сподели

При укажување на лекарска помош во клиничкиот центар Мајка Тереза биле констатирани тешки телесни повреди како кај 39 годишната жена така и кај нејзините две малолетни деца, кои што според кажувањето на мајката биле предизвикани од Ф.Ф. кој што во изминатите три дена во куќа во селото Визбегово ги тепал со тврд предмет неа и нејзините две деца.

„Постапувајќи по пријавата полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Ф., како и неговиот татко И.Ф. кој што во текот на полициското службено постапување со секира ги нападнал полициските службеници. По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни пријави“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ