недела, 16 март 2025

Во сообраќајна несреќа кај Охрид загина 27 годишен мотоциклист

Мотoциклист го загуби животот во сообраќајната несреќа што  попладнево се случи на магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Свети Наум.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од СВР – Охрид, информацијата за несреќата била дојавена до полицијата попладнево околу 14 часот, за настаната сообраќајна несреќа на крстосницата кај населбата Рача.

До несреќата дошло при судар на патничко моторно возило мазда со охридски регистарски ознаки управуванo од Д.Н. од струшкото село Враништа и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц. од Охрид.

Притоа на лице место загинал мотоциклист, а смртта ја констатирал лекар од охридската Служба за итна медицинска помош.

Сообраќајот на магистралниот патен правец е во прекин, а полициска екипа во присуство на јавен обвинител врши увид на местото на незгодата. Инаку, поради празничниот викенд моментално сообраќајот на тој патен правец е со засилен интензитет, со голем број возила на гости и туристи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ