сабота, 15 март 2025

Каја Калас: Путин нема интерес за мир

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и потпретседател на Европската комисија, Каја Калас, изјави дека руските напади врз Украина покажуваат дека Кремљ нема интерес за мир.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во раните утрински часови во саботата, руски ракети погодија цели низ Украина, при што според украинските власти загинаа најмалку 20 лица.

Калас на социјалната мрежа Икс напиша: „Руските ракети немилосрдно паѓаат врз Украина и носат повеќе смрт и уништување. Повторно Путин покажува дека нема интерес за мир“.

Таа додаде дека е неопходно да се зголеми воената помош за Украина: „Мораме да ја зголемиме нашата воена поддршка – инаку уште повеќе украински цивили ќе ја платат највисоката цена“.

Нејзините зборови го повторија ставот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека нападите покажуваат дека целите на Русија не се променети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ