вторник, 26 ноември 2024

Утре нов пакет од акциите на „Македонија турист“ на продажба

Утре во Македонската берза е закажана нова јавна аукција на акциите на „Македонија турист“. Почетната цена на пакетот од 44.449 обични акции на „Македонија турист“ е 7,33 милиони евра. Овој пакет акции обезбедува 9,83 проценти од основната главнина на хотелско-угостителската компанија. Почетната цена на една акција е 10.150 денари, а продажбата е закажана по моделот „сѐ или ништо“.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера Доне Таневски, претседател на Надзорен Одбор на „Македонија турист“ АД Скопје, продаде 25.669 обични акции и сега поседува 80.160 обични акции, односно 17,72 отсто.

Компанијата „Скопски пазар“, каде претседател на Надзорниот одбор е Фатмир Етеми, е најзаинтересирана за доминација во акционерската структура на „Македонија турист“. Таа сега поседува 10 отсто од акциите.

Во новата акционерска структура на „Македонија турист“ од неодамна е и „М.Г. Фешн ДОО“ со 7,69 проценти од вкупниот број обични акции на компанијата (34.795 акции).

Како нов акционер во „Македонија турист“ се појавува и „Промедика“ како сопственик на 8,68 отсто од акциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ