четврток, 31 октомври 2024

Утре без струја пет часа ќе бидат делови од Дебар

Утре, во периодот од 10 до 15 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од потрошувачите на градот Дебар,  информираше Регионалниот Центар за управување со кризи-Дебар.

Објавено на

часот

Сподели

Без струја ќе бидат потрошувачите во централното градско подрачје, како и главните улици „8 Септември“ и „Братство Единство“.

„Прекинот во напојувањето со електрична енергија, е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа. Ви благодариме за разбирањето и препорачуваме соодветна подготовка за времетраењето на прекинот“, стои во соопштението.

На 21 овој месец, шест и пол часа без напојување со електрична беше целото дебарско подрачје, кое ги опфаќа општините Дебар и Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Прекинот беше поради редовни годишни планирани активности во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ