среда, 20 ноември 2024
Собрание

Уставните измени поминаа на собраниската комисија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа против

Објавено на

часот

Сподели

Со предложените уставни измени од Владата Бугарите, но и други етнички заедници, треба да станат дел од преамбулата на Уставот. 

Предлогот го образложи премиерот Димитар Ковачевски кој оцени дека тој е „целосно и единствено во насока на остварувањето на нашата консензуална и врвна државна стратешка цел, членство во Европската Унија“.

„Република Северна Македонија денес има неповторлива шанса да го направи клучниот чекор за да продолжи по европскиот пат, а потоа во забрзан интегративен процес, во следните неколку години, да стане и членка на ЕУ.  Уставните измени кои се пред васне загрозуваат ниту едно македонско идентитетско прашање. Ние не треба да ја пропуштиме оваа шанса за Европа. Периодот што претстои е момент за нова, јасна и консензуална државничка одлука и решенија. Ние не треба да ја пропуштиме оваа шанса за Европа, оваа шанса да ја однесеме државата во ЕУ и да донесеме европски квалитет на живот дома. Еднаш тоа се случи, кога се одвоивме од Хрватска, која е веќе 10 години членка на Унијата. А дали ќе се случи истото годинава, вие тука во овој Парламент ќе одлучите“, рече Ковачевски. 

Од 17 членови на Комисијата, десет го поддржаа предлогот, додека седум членови од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против. 

Пратеникот и претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска на Комисијата за уставни прашања изјави дека никогаш нема да има уставни измени.

„Никогаш нема да има уставни измени. Ова ќе биде нашето единствено излагање по предлогот, затоа што сметаме дека материјална расправа е безвредна, бидејќи вие премиере ја направивте сметката без крчмар, влеговте во процесот вртоглаво без да обезбедите двотретинско мнозинство. Навистина е излишно материјална расправа по оваа прашање“, рече Апасиев.

Тој ја обвини власта дека не обезбедила никакви државнички гаранции и посочи дека Бугарија и други земји можат да ни стават вета на патот кон ЕУ.

„Што е најтрагично, не обезбедивте никакви државнички гаранции дека нема да има нови вета и тоа не само од Бугарија. Бугарија има уште 35 пати шанса да ни стави вето и ќе ни стави. Ќе ни стават и други земји. Сето она што ние денес го зборуваме е една обична козметика знаејќи дека влегуваме во еден лузерски процес, бидејќи вие навикнавте и сакате и нас како македонска нација да не навикнете на порази“, рече тој.

Според Апасиев никој не говори за правните последици кои ќе произлегуваат од процесот на уставните измени, а не само внесување на Бугарите во нашиот Устав. 

Интервенциите во Уставот се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата. Во актуелната формулација:

„Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ