сабота, 19 октомври 2024

Уставниот суд расправа дали средношколците од приватните училишта имаат право на бесплатен превоз

Подносителот на иницијативата, поранешниот претседател на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ наведува дека со оспорениот член од Законот за средното образование се дискриминирани учениците во приватните средни училишта во поглед на правото на користење на јавниот превоз, иако според Уставот образованието е достапно на секого под еднакви услови.

Објавено на

часот

Сподели

Уставниот суд денеска расправа по Иницијативата за оценување на уставноста на сегашните одредби во Законот за средното образование.

Подносителот на иницијативата, поранешниот претседател на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ наведува дека со оспорениот член од Законот за средното образование се дискриминирани учениците во приватните средни училишта во поглед на правото на користење на јавниот превоз, иако според Уставот образованието е достапно на секого под еднакви услови.

Дополнително оспорен е и членот со кој се овозможува бесплатен јавен превоз само на учениците чиешто живеалиште е оддалечено од училиштето над 2,5 километри.

Уставните судии на денешната седница ќе дискутираат и по иницијативите со кои се оспорени делови од Законот за измена и дополнување на Законот за здолжително капитално финансирано пензиско осигурување, дел од Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, како и по две Одлуки во врска со паркинзите во Скопје во делот на правата за паркирање на привилигирани категории корисници како и по Упатството за доставување податоци и информации за платежната статистика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ