понеделник, 18 ноември 2024

Успешна министерка сум колку што е успешна војската, рече Петровска на прославата на роденденот на Армијата

Објавено на

часот

Сподели

На настанот беа прочитани и сите унапредени офицери до чин потполковник, како и сите наградени и пофалени службеници во одбраната и припадници на Армијата. Министерката за одбрана Славјанка Петровска во своето обраќање истакна дека е горда на професионализмот, мотивот и посветеноста со кои започнаа и се реализираат силни реформски зафати во одбраната.

Петровска им се заблагодари на припадниците на Армијата зашто секој предизвик, како што нагласи, го прифаќаат како уште една задача која ја извршуваат максимално посветено, професионално и без двоумење. На службениците во одбраната им порача „цело е кога има сè“ и дека како што се внимава на стандардот на припадниците на Армијата, така приоритет е и стандардот, местото и улогата на службениците во одбраната.

д

„Системот нема да функционира ако не вложуваме и не внимаваме на местото, улогата и стандардот на службениците во одбраната исто колку што внимаваме на стандардот на припадниците на Армијата. Ние сме едно врзано ткиво во кое токму службениците на одбраната се исклучително важен сегмент. Сите вие за мене сте важни и вие сте одбраната на татковината“, рече министерката.

 Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на сите вработени во Генералштабот и Армијата им оддаде признание и благодарност за севкупниот труд, резултати и работа во изминатата година, кои се препознаени и забележани во општеството.

д

„Изминатиов период постигнавме навистина големи резултати, имаме јасен патоказ, каде треба да ги движиме приоритетите во периодот кој престои, тоа е наш долг и обврска кон идните генерации на нашата татковина“, рече генералот Ѓурчиновски.

 Претходно, делегација предводена од министерката Петровска положи венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во чест на бранителите во кругот на Министерството и Генералштабот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ