сабота, 19 октомври 2024

УСЈЕ: Вложивме 6 милиони евра во развој и дигитални технологии и 0.8 милиони евра во зелени инвестиции

Цементарница УСЈЕ соопшти дека вложи над 6 милиони евра во развој, унапредување и примена на нови дигитални технологии во минатата година. “Овие вложувања се насочени кон одржлив развој согласно високите ЕСГ (enviornemnt, society, governance) стандарди, што компанијата ги усвои во 2020 година и е една од првите компании во земјава што целосно ги применува и развива. Покрај инвестициите во развој, минатата година УСЈЕ инвестираше над 800 илјади евра во зелени инвестиции, со што директно придонесе за намалување на CO2 емисиите“, велат од компанијата.

Објавено на

часот

Сподели

Развој на компанијата, заедницата и засегнатите страни останува врвен прироритет на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, се нагласува во соопштението.

„Предизвиците со кои се соочивме минатата година, а кои беа предизвикани од енегетската криза, успешно ги надминавме со воведување на нови иновативни решенија кои ни овозможија оптимизација на деловните процеси и продолжување на инвестицискиот циклус. Нашиот фокус беше ставен на декарбонизација и дигитализација, поголема промоција на зелениот цемент,  циркуларна економија и мерки за енергетска ефикасност, со што ги намаливме емисиите на CO2 за 2,9% во споредба со 2021 година. Нашите инженери креираа алатка базирана на вештачка инелигенција, која обозможи намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и поголема декарбонизација. Остануваме посветени на развојот на компанијата, но и на развојот на заедницата“, вели Борис Хрисафов, главен извршен диркетор на УСЈЕ.

Од УСЈЕ наведуваат дека инвестираат и во изградба на фотоволтаична централа која ќе биде лоцирана на покривните површини во компанијата, а по нејзиното пуштање во употреба ќе се заменат 10% од дневната потрошувачка на електрична енергија на УСЈЕ. Преку инвестиција во обновлива енергија УСЈЕ директно ќе придонесе за намалување на емисиите на CO2 за 3200 тони годишно, придонес кон поголема декарбонизација дава и зелениот ЕКО Цемент (CEM IV/B V-P 42,5 N) со помало количество клинкер, а уделот на овој цемент во вкупната продажба порасна за 25%, пишува во соопштението.

„Согласно својата определба за општествена одговорност, УСЈЕ продолжува со натамошна имплементација и спроврдување на ЕСГ стандардите базирани на четири столба и тоа: декарбонизација и дигитализција, работно опкружување што овозможува раст, позитивно локално влијание, одговорно управување со ресурсите. УСЈЕ ја продолжува соработката со заедницата во насока на поттикнување на развој на проекти кои се од заеднички интерес. Минатата година во ваков вид проекти вложени се околу 10 милиони денари.

Цементарница УСЈЕ работи по највисоките стандарди во областа на животната средина. Компанијата има Интегрирана еколошка А дозвола и согласно одредбите од истата, во работењето применува најсовремени технолошки пракси од областа. Истворемено, работењето на компанијата се следи со независен мониторинг 24 часа, 7 дена во неделата, а податоците од мерењата ги имаат на увид сите релевантни институции“, се вели во соопштението од цементарницата.

                                                                                          Фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ