четврток, 24 октомври 2024

Уште една смртоносна ноќ во Појасот Газа, 99 лица загинаа

Министерството за здравство на Хамас соопшти дека синоќа во Појасот Газа биле убиени 99 Палестинци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израел изврши нови воздушни напади врз Рафа во јужниот дел на Газа ноќта меѓу средата и четвртокот, објави Франс прес, во време кога во Каиро почнуваат комплицирани разговори за воспоставување примирје на палестинската територија.

Синоќа израелските воздухопловни сили извршија десетина напади врз Рафа, соопшти новинар на Франс прес.

Во Израел денеска се очекува да пристигне специјален претставник на САД во обид да се обноват закочените преговори.

Војната предизвикана од невидените напади на Хамас на израелска територија на 7 октомври го доведе Појасот Газа во катастрофална хуманитарна ситуација.

Според податоците на ОН, огромно мнозинство од населението е изложено на ризик од глад, а меѓународната заедница е особено загрижена за судбината на околу 1,5 милиони Палестинци што од конфликтот во другите области на Газа се засолниле во Рафа, на границата со Египет.

Рафа е последното упориште на Хамас, според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој и покрај меѓународното противење, планира да започне копнена офанзива во градот.

Советникот на американскиот претседател Џозеф Бајден Брет Мекгурк ќе пристигне во Израел по посетата на Египет, каде што се во тек нови разговори за примирје.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер рече дека САД сакаат да се постигне договор што е можно побрзо.

Лидерот на политичкото крило на Хамас, Исмаил Хание, кој живее во егзил во Катар, во моментов е во Каиро.

На дневен ред на разговорите е првата фаза од планот подготвен од посредниците, Катар, САД и Египет, а предвидува шестнеделно примирје со размена на заложници за палестинските затвореници што ги држи Израел и влез на големи количества хуманитарна помош во Газа.

Според Израел, во Газа се држат уште 130 заложници, од кои се верува дека 30 се мртви, од вкупно 250 киднапирани на 7 октомври.

Во тоа време, 1.160 луѓе, главно цивили, беа убиени во нападите на палестинските екстремисти предводени од Хамас.

Повеќе од 29.000 луѓе, главно жени и деца, загинаа во израелските одмазднички напади од воздух, копно и море врз Газа, според тамошното Министерство за здравство, кое е под контрола на Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ