среда, 23 октомври 2024

Урсула фон дер Лаен повторно ќе се кандидира за претседателка на Европската комисија

Урсула фон дер Лаен денеска на состанокот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Берлин ќе соопшти дека планира да се кандидира за втор мандат како претседател на Европската комисија, пишува Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шефицата на најмоќната институција во Брисел изминатава година не сакаше да коментира по ова прашање, но се чини дека сега донела одлука.

Но, објавувањето на нејзината кандидатура за следните пет години ќе биде само првиот чекор во изборната битка, бидејќи се шпекулира дека и естонската премиерка Каја Калас може да биде кандидат за позицијата претседател.

Откако Фон дер Лаен ќе ја избере ЦДУ, мора да добие поддршка и од другите две партии во рамки на групацијата на Европската народна партија (ЕПП), централно-десничарската групација во Европскиот парламент, во која се вклучени и владејачките партии во Грција, Ирска, Литванија и Шведска.

Но, сè најмногу ќе зависи од изборите за Европскиот парламент на почетокот на јуни, кога составот на парламентот ќе покаже кој ќе има најмногу шанси за функцијата претседател на Европската комисија, како и за другите водечки позиции во институциите на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ