петок, 18 октомври 2024

Урбани приказни – самостојна изложба на Рафаел Ристовски

Објавено на

часот

Сподели

Рафаел Ристовски се претставува со новосоздадени дигитални визуелни дела изработени од областа на нови медиуми, односно во техника дигитална фотографија со манипулација.

Ристовски како тема ја одбрал урбаната природа, со која сме секојдневно опкружени и која на некој таинствен начин ниту ја забележуваме. Најчесто тежнееме кон природата и таа како еден вид на чистота сакаме да ја пренесеме, односно да ја покажеме нејзината убавина.

иАвторот се обидува да ја покаже градската природа, која е таква, каква ја создал човекот, простор каде се случуваат голем број секојдневни моменти, работи, средби и сл. Најчестите мотиви се урбана архитектура, градски композиции. Своите фотографии дигитално ги манипулира и создава една бесконечна игра, еден друг виртуелен и визуелен свет.

Изложбата е финансиски поддржана од Општина Кисела Вода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ