вторник, 23 јули 2024

Управен суд пресече, обвинителката Ристоска била дискриминирана

Управниот суд денеска ја одби тужбата на поранешниот претседател и сегашен член на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски против Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) како неоснована и го прифати мислењето на комисијата дека обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана од страна на Јолевски. Претходно, КСЗД утврди дека Ристоска била дискриминирана со одлуката да не биде унапредена на функција во вишото обвинителство во Скопје. Јолевски сега може да се жали пред Вишиот управен суд.

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителката Ристоска денеска ја поздрави одлуката на Управниот суд и вели дека институциите и општеството започнале да ги препознаваат формите на дискриминација кон жените.

Претходно, по жалбата на Ристоска до комисијата, КСЗД утврди дека обвинителката била дискриминирана со одлуката на два пати да не биде унапредена на функција во вишото обвинителство во Скопје.

Советот на јавни обвинители ја образложи ваквата одлука дека таа била млада, а потоа и бремена што беше доволно Комисијата да утврди дискриминација.

На рочиштето што се одржа на 13 јуни годинава, соочувајќи ги аргументите, Јолевси рече дека не го прифаќа мислењето на Комисијата со која се бара јавно да ѝ се извини на Ристоска и вели дека неговата изјава дека Ристоска е на породилно и да била избрана, пак ќе била на породилно. била извадена од контекст.

„Пресудни беа извештаите за работа. Породилното отсуство беше споменато во контекст на немањето на извештаји. Изјавата беше извадена од контекст и погрешно сфатена. Ми е жал што немаше извештаји за работа за да одат во прилог на унапредувањето. Изнесував факти што постојат. Таман работа да е проблем породилното отсуство. Да има деца во оваа држава оти наталитетот ни е во опаѓање. Јас за неа гласав во 2021 година“, рече Јолевски на рочиштето.

За Ристоска, пак, решението на комисијата е јасно. На рочиштето во јуни изјави дека, за да се спречи слична појава, одговорност мора да има.

Паралелно со оваа постапка против Јолевски е поднесено барање до прекршочниот оддел во скопскиот Кривичен суд за да плати глоба затоа што не ѝ се извини на Ристоска иако Комисијата утврди дека ја дискриминал обвинителката.

Правата одлука за неунапредување на Ристоска дојде откако таа го критикуваше Советот по што беше воведен Етички кодекс за обвинителите, а вториот неизбор следеше откако даде изјава дека членовите на Советот тргуваат со влијание.

Ристоска сега е обвинител за врски со Европравда (Европското јавно обвинителство).

Јолевски сега може да се жали пред Вишиот управен суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ