среда, 27 ноември 2024

Универзитетот во Неапол на македонски јазик му се заблагодари на Елмас! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од другите големи градови, во Неапол се навива само за еден тим, сите живеат за Наполи. Освојувањето на третото Скудето во историјата е голема радост за сите. Универзитот тоа го потенцираше на поинаков начин.

Тие сакаа да го одбелажат мултикултурализмот во Наполи, па мајчините јазици на фудбалерите им се обрати посебно со благодарница. Во Наполи има Македонец (Елмас), Грузиец (Квича Кварацхелија), Словак (Станислав Лоботка), Косовец (Амир Рахмани), Јужнокореец (Ким Мин Јае), Нигериец (Виктор Осимен), Камерунец (Замбо Ангиса), Аргентинец (Џовани Симеоне), Уругваец (Матијас Оливера), Полјаци (Пјотр Зиелински, Бартош Березински), Мексиканец (Ирвинг Лозано), Французин (Тангеј Ндомбеле), Португалец (Марио Руи), Норвежанец (Лео Остигард), Герменец (Диего Деме)…

Благодарноста за Елмас почнува од 2:01

„Почитуван Елиф Елмас, Ви благодариме во името на нашата академска заедница за радоста што му ја донесовте на нашиот град и на неговите луѓе“, е благодарницата упатена на македонски јазик до нашиот дијамант.

Елмас веќе четири години е дел од Наполи откако во летото 2019 година дојде од Фенербахче за 16 милиони евра и сезонава даде шест гола со три асистенции за првата титула на Наполи по 1990 година, а тој стана вториот Македонец по Горан Пандев кој го освои „скудетото“.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ