Според посоченото во конкурсот, пријавувањето трае до 29 ноември, додека објавувањето на ранг-листата е на 6 декември. Запишување ќе биде реализирано на 12 и 13 декември.
Од УНИТ „Свети Апостол Павле“ посочуваат дека универзитетот нуди уникатна можност за специјализација и усовршување во неколку стратешки насоки, вклучувајќи информатички науки, мрежна безбедност, роботика и дигитална бизнис-аналитика.
Како предности во стуридрањето се посочува можноста студентите да можат да избираат меѓу едногодишни или двегодишни програми, со висока флексибилност, да се стекнат со меѓународно призната диплома со 60 или 120 кредити (ECTS), практични и теоретски знаења за водечките инженерски технологии за информатичките и компјутерските науки, како и соработка со врвни професори и стручњаци во областите на технологијата, комуникациските мрежи и бизнис-аналитиката.
За заинтересираните студенти на располагање се втор циклус студии на Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност на студиските програми: информатички науки и технологии – едногодишни (60 ЕКТС) и информатички науки и технологии – двегодишни (120 ЕКТС), потоа на Факултет за компјутерски науки и инженерство: компјутерска техника и информатика – едногодишни (60 ЕКТС), на Факултетот за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика: информатичка и мрежна безбедност, приватност и заштита на податоци– двегодишни (120 ЕКТС), како и на Факултетот за информатички и комуникациски науки: дигитална бизнис аналитика – едногодишни (60 ЕКТС).