понеделник, 28 октомври 2024

Универзитет Скопје – свечена промоција на дипломци 2024

Во присуство на академскиот кадар, министри, градоначалници, претставници од бизнис заедницата и медиумите синоќа се одржа свечено доделување на дипломи на 16-та генерација дипломирани студенти и 14-та генерација магистри на универзитетот Скопје што се одржа во Националната опера и балет.

Објавено на

часот

Сподели

Ректорот на универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски во својот емотивен говор на дипломците и магистрите им порача дека семејството е татковина на љубовта – токму такво големо семејство е универзитет Скопје, со дипломците, магистрите, нивните родители и сите присутни гости.

„Бидете светилници, освојтете ги и осветлете ги светот и Македонија со надеж, мудрост, знаење и добрина. Вие сте иднината, оние кои можат да донесат нова енергија, нови идеи и промени кои ќе ги унапредат сите нас“, порача ректорот Миленковски на овогодинешните магистри и дипломци.

Тој особено им се заблагодари на своите колеги и пријатели што несебично придонесуваат кон развојот на науката, високообразовната дејност и економијата. На проф. д-р Слободан Ивановиќ, редовен професор во трајно звање, му беше доделено почесното звањето Professor Emeritus, на проф. д-р Јове Кекеновски му беше доделена почесна титула Professor Honoris Causa, а на Феми Косовали почесна титула Doctor Honoris Causa.

На свечената промоцја во МОБ беа прогласени и студентите на генерација. Најдобрите дипломци и магистри се заблагодарија на академскиот кадар, нивната посветеност и професионалност. Универзитет Скопје кој е бренд во високото образование, создава кадри кои веќе се етаблирани на менаџерски позиции во реномирани компании.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ