недела, 27 октомври 2024

Унгарски министер: Будимпешта нема намера да ги прекине контактите со Москва

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто даде интервју за руската новинска агенција ТАСС. Тој изјави дека Будимпешта нема намера да ги прекине контактите со Москва на високо ниво и дека сите средства за комуникација мора да останат отворени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Унгарија очигледно е во контакт со руските лидери и тоа се подразбира. Јас лично сум во контакт со моите руски колеги – министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, вицепремиерот за енергетика Александар Новак и вицепремиерот за индустрија и трговија Денис Мантуров.

Сметаме дека каналите на комуникација мора да бидат отворени бидејќи ако ги прекинеме, тогаш ја намалуваме шансата за мир во иднина. Секако на крај ќе мораме да разговараме еден со друг. Веруваме дека дипломатијата е способност за меѓусебен разговор, дури и во сложени околности, дури и кога не се согласувате за сè. Не е голема работа да разговарате со оние со кои се согласувате за сè“, изјави Сијарто за ТАСС.

Според Сијарто, секогаш има сфери кои не подлежат на режимот на санкции. На прашањето дали Унгарија ќе ја подобри соработката со Русија во области кои не се засегнати од европските санкции, Сијатро одговари потврдно и рече: „Секогаш кога ќе има потреба за тоа, ќе разговараме“.

„Унгарија е отворена за тоа. Минатиот пат унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг за да разговараат на оваа тема.

Ако има потреба Орбан и Путин да разговараат, тогаш тие ќе разговараат во секое време. И јас можам да разговарам со Лавров во секое време. Последен пат го направив ова во саботата кога изразив сочувство до рускиот народ за масакрот“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ