Унгарија е единствената членка на НАТО која не го ратификуваше барањето на Шведска. Турција го направи тоа минатата недела, 20 месеци откако Стокхолм побара прием во Алијансата, по руската инвазија на Украина.
„Нашето барање е упатено до претседателот на Собранието. Сега прашањето е дали 135 мажи ќе бидат подготвени да се појават“, рече пратеничката Зита Гурмаи, мислејќи на членовите на владејачките партии – Фидес и Демохристијанската народна партија.
Претседателот на парламентот Ласло Ковер оцени дека нема причина за вонредна седница и навести дека потегот на опозицијата ќе биде неуспешен, пренесе Ројтерс.