четврток, 24 октомври 2024

Унгарија започна истрага против антикорупциски организации, САД: Загрижени сме

Соединетите Држави го критикуваа новиот унгарски закон за суверенитет како антидемократски, откако Канцеларијата за заштита на суверенитетот покрена истрага против две надзорни тела за борба против корупцијата, вклучително и Транспаренси интернешнл.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Законот, усвоен во декември 2023 година, забранува странско финансирање на партии или групи кои се натпреваруваат на избори и предвидува казна до три години затвор.

Со законот исто така е формирана канцеларија за следење на ризикот од политичка вмешаност.

Канцеларијата за заштита на суверенитетот во вторникот започна истрага против унгарскиот огранок на антикорупциската организација Транспаренси интернешнал (ТИ) и онлајн истражувачката куќа атлатзо.ху, која се фокусира на корупцијата.

Американскиот Стејт департмент во соопштение рече дека е „длабоко загрижен“ од истрагите и ги нарече „драконски акции“.

„Обидот на унгарската влада да ги вознемирува, заплаши и казнува независните организации е во спротивност на принципите на демократското владеење вкоренети во владеењето на правото“, се вели во соопштението.

„Законот не ја ограничува Канцеларијата во таргетирањето на човековите права и основните слободи на сопствените граѓани и ја става на ризик секоја држава, деловен субјект или поединец што ќе одлучи да соработува со нив“, додаваат тие.

Законот беше критикуван од американскиот Стејт департмент, како и од панел експерти за уставно право од Советот на Европа, организации за човекови права, кои рекоа дека тој може да има „застрашувачки ефект“ врз слободната и демократска дебата во Унгарија.

Европската комисија покрена прекршочна постапка поради законот во февруари оваа година, наведувајќи дека тој потенцијално ги поткопува демократските вредности и основните права на Унијата.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, на власт од 2010 година и со двотретинско мнозинство во парламентот што ѝ дозволува на неговата партија Фидес да менува каков било закон, ги отфрли обвинувањата дека ја поткопува демократијата во Унгарија по усвојувањето на законот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ