Стотици мажи, ултраортодоксни Евреи ја блокирале на два часа главната сообраќајница во централен Израел незадоволни од неодамнешната одлука на Врховниот суд на Израел со која се наложува задолжително служење воен рок за младите ултраортодоксни Евреи.
Асошиејтед прес пренесува дека демонстрантите седеле и лежеле на автопатот додека полицајци ги кревале и ги отстранувале.
Jews block a street between Jerusalem and Tel Aviv in protest against compulsory conscription pic.twitter.com/9Cg0MxkFJ2
— Horizon News (@Horizonnews07) June 28, 2024
„Сите тука дојдовме со една цел и го застапуваме ставот на целата ортодоксна јавност. Попрво ќе одиме во затвор отколку во војска“, кажа еден демонстрант.
Врховниот суд минатиот викенд ѝ наложи на владата да почне да ги регрутира ултраортодоксните Евреи, наведувајќи дека воената служба е задолжителна за повеќето еврејски мажи и жени во Израел.
Според АП оваа одлука може да доведе до паѓање на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху имајќи предвид дека ултраортодоксните партии и нивните поддржувачи се противат на какви било системски промени.