Полицијата го лишила од слобода Е.А.(33) од Битола. Тој се сомничи дека синоќа, во периодот од 22 до 24 часот одзел патничко возило марка тико со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т.(48) од Битола. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.