четврток, 31 октомври 2024

Украинските власти уапсија маж осомничен дека ѝ помагал на Русија во извршувањето на нападот во Краматорск

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 12 лица, меѓу кои и три тинејџерки, загинаа во вторникот во ракетниот напад врз популарен ресторан во Краматорск.

Меѓу жртвите се 14-годишните сестри близначки Јулија и Ана Аксенченко, како и една 17-годишна девојка. Најмалку 60 лица се ранети, меѓу кои едно бебе и тројца странци. Би-би-си наведува дека еден од странците е Колумбиец и еден водечки украински писател.

Украинската служба за безбедност соопшти дека привела маж вработен во локална компанија за транспорт на гас. Тој е осомничен дека ја снимал локалната пицерија и ги информирал Русите за нејзината популарност, објави Службата за безбедност во објава на Телеграм.

Украина соопшти дека мажот, жител на Краматорск, испратил видео од ресторанот до руската воена база неколку часа пред објектот да биде уништен. Во средата, украинските безбедносни служби објавија фотографија од уапсениот, опишувајќи го како „руски агент“.

Краматорск се наоѓа на линијата на фронтот и во него се наоѓа регионалниот штаб на украинската армија. За време на војната, Русија инсистираше на тоа дека нема да гаѓа цивилни цели, што го повтори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ