Ова го изјавиле членовите на екипажот на тенкот „леопард 2“, стациониран во близина на воените операции, за познатиот германски неделен магазин Шпигел.
Во написот 22-годишен украински тенкист рече дека има војници кои одбиваат да се борат и дека некои лажираат дефекти на тенковите само за да избегнат да влезат во битка.
Според информациите на Шпигел, ниту еден од тројцата членови на екипажот на „леопард 2“ со кои разговараше изданието, не ги осудува оние кои се откажуваат од борбата, затоа што, како што велат, ако руска граната падне на борбеното возило „тоа ќе стане пепел“.
Во првите денови од контраофанзивата, три тенкови „леопард 2“ наишле на мини, кои руската армија ги поставила речиси насекаде. Еден од германските тенкови не може да се поправи, вториот е онеспособен, додека третиот не може да се извади поради големиот број мини.
„Од другата страна не се борат почетниците. Тие би побегнале доколку „леопард“ пука во нив. Но, овие се силни“, Шпигел цитираше еден од војниците.
Според зборовите на војниците на вооружените сили на Украина, пред да учествуваат во борбените операции, сите тие биле на обука во Германија од средината на февруари до крајот на март.
Лекарите на фронтот најавија значително зголемување на бројот на ранетите во последните неколку дена, а украински разузнавач, кој го прегледал целиот јужен фронт, за Шпигел изјавил дека има големи загуби во жива сила и опрема.