четврток, 24 октомври 2024

Украинските сили собориле руски борбен авион Су-25, објавена снимка од уривањето (ВИДЕО)

Оружените сили на Украина на 23 јули собориле руски јуришен авион сухој Су-25 во Доњецката област. Со снимка го потврдија уништувањето на леталото.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Авионот Су-25 на воздухопловно-вселенските сили на Русија бил соборен со рачен ракетен фрлач МАНПАД. Инцидентот наводно се случил во околината на Покровск.

Пилотот се катапултирал и веднаш го евакуирале руски тимови за потрага и спасување. Неофицијални руски извори ги потврдија овие извештаи.

И покрај бројните тврдења на Киев, ова е првото руско летало соборено во последните месеци, а да има конкретни докази за тоа.

Су-25 е во служба од 1987 година, меѓутоа актуелната верзија на руските воздухопловни сили е силно модернизирана и ја носи ознаката Су-25СМ3.

Руските сили во Украина ги користат овие авиони за разбивање на позициите на украинските оружени сили на линијата на фронтот и поблиската позадина на украинската одбрана. Нивната цел е да им пружат борбена поддршка на копнените единици. Можат да уништат речиси секаква опрема, артилерија, персонал, инженериски структури.

јуришните авиони обично испукуваат ненаведувани авионски ракети и веднаш испукуваат топлотни замки. Можат да се приближат до мета и да извршат напади неколку пати, а потоа да се вратат на базниот аеродром.

Овие авиони главно работат во парови во Украина. додека едното летало ги гранатира позициите на непријателот, другото ја обезбедува операцијата.

Пилотите на Су-25 летаат на исклучително мали висини, што ја намалува веројатноста за нивно откривање и уништување од системите за противвоздушна одбрана, меѓутоа малите преносни ракетни фрлачи и визуелното гаѓање овој пат помогнале во соборувањето. Овие авиони влегуваат на линијата на борбено лансирање со максимални брзини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ