понеделник, 25 ноември 2024

Украинските сили ја прекинаа руската офанзива на истокот и напредуваат на југот на земјата

Објавено на

часот

Сподели

„Имавме многу жестоки борби во правец на Купијанск и Лиман, но нашите војници го запреа непријателот таму“, изјави таа за украинската телевизија.

Ројтерс објави дека Украина е во рана фаза на најамбициозниот контранапад од руската инвазија во февруари 2022 година и вели дека повторно освоила осум села, што е нејзина прва голема добивка на бојното поле во последните седум месеци.

Но, Русија сè уште држи делови од територијата во источна и јужна Украина, а украинските сили допрва треба да се вратат на главните одбранбени линии за кои Русија имаше месеци да се подготви.

„Навистина, нѝ претстојат уште големи настани. А главниот удар допрва претстои. Дел од резервите ќе се активираат подоцна“, рече Малиар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ