вторник, 22 октомври 2024

Украински пратеник: Залужни се согласи да биде амбасадор во Британија

Главниот командант на оружените сили на Украина Валериј Залужни се согласи да стане амбасадор во Велика Британија, кажа украинскиот пратеник Евгениј Шевченко во интервју со директорот на Украинскиот институт за глобални стратегии Вадим Карашев, објавено на Јутјуб.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да кажам дека, според моите информации, Залужни се согласи на местото амбасадор во Велика Британија. Најверојатно ќе оди таму, а знаеме дека луѓето кои се испратени како амбасадори се во политичка пензија. Затоа ќе ги разочарам оние кои тука се навивачи на Залужни“, кажа тој.

Шевченко објасни дека главниот командант на украинската војска би можел официјално да биде сменет на  февруари. Пратеникот додаде дека ако Залкужни замине за Британија, тогаш „повеќе нема да биде политичар“. Истакна дека ако остане во Украина и почне политичка кариера, тогаш има шанси за успех, „и тоа не мали, туку големи“.

Во последните денови во украинските и западните медиуми нашироко се расправа за гласините за можна оставка на Залужни. Кажано е дека на состанок на 29 јануари Зененски му понудил на главниот командант советничко место. Иако, како што напиша Економист, на Залужни му било понудено и местото секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, тој тоа го одбил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ