петок, 18 октомври 2024

Украински командант откри каде ќе се користи американската касетна муниција

Објавено на

часот

Сподели

„Генералот Сирски потврди дека американската касетна муниција е испорачана во Украина и дека ќе биде спремна за користење во рок од неколку дена“, соопшти Би-би-си, чии дописници го интервјуирале украинскиот генерал.

Се наведува и дека репортерите се увериле дека американските хаубици М777, кои гаѓаат со касетни бомби, веќе се наоѓаат на позиции околу Бахмут (чиј назив е Артјомовск).

Сирски истовремено признал дека напредувањето на оружените сили на Украина во офанзивата „навистина не оди толку брзо колку што би сакале“.

„Би сакале да постигнеме многу брзи резултати. Но тоа е всушност практично невозможно“, кажал командантот.

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џејк Саливен соопшти на 7 јули дека Соединетите Американски Држави ќе ѝ испорачаат на Украина касетна муниција. Касетната муниција е забранета со меѓународна конвенција која ја ратификуваа 123 земји во светот, но САД и Русија не се потписнички.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва до сега немала потреба да користи касетна муниција, но дека ако таа биде употребена против руските сили, таа го задржува правото на реципрочен одговор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ